На брегот на Дебарско Езеро денеска се одржа Државното првенство во риболов, организиран од Сојузот на глуви на Македонија во соработка со Дебарското здружение на глуви.
На натпреварот учествуваа четириесет риболовци, а наградата од 100 евра не беше доделена зашто ни еден од учесниците не фати риба.
– Презадоволни сме од честа со која не удостои градоначалникот на Дебар Ружди Љата и се уверивме дека Дебар е навистина симбол на соживотот и меѓусебно почитување. Го одржавме Државното првенство во риболов под покровителство на Националниот сојуз, но за жал немаме победник, бидејќи ни еден риболовец не улови ниту една риба, рече Васко Марков, претседател на Националниот сојуз на глувите.
Градоначалникот Љата рече дека асоцијацијата на глуви секогаш ќе има поддршка од локалната власт.
Здруженоето на глуви во Дебар формирано е пред неколку години и брои 46 членови.