МЗТ Скопје гостува во Унгарија

Од:

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродорм има ново тешко гостување вечерва од 20 часот на отворањето од 17.коло од АБА лигата за ривал ја има унгарската екипа Шолнок. Ова воедно ќе биде деби на новиот тренер на клупата на „металците“ Александар Јончевски.

Проблем за МЗТ Скопје може да биде и тоа што во редовите на унгарската екипа како засилување е донесен Американецот Мајкл Ли. На досегашните меѓусебни натпревари одиграни во Унгарија Шолнок двапати има постигнато победи.

Ова ќе биде првиот натпревар од 17.коло, а на другите дуели двојките се: Будуќност – Левски, Крка – Игоека, Партизан – Олимпија (сабота), Металац – Цедевита, Мега – Црвена Звезда (недела) и Задар – Цибона (понеделник).
Табела: Црвена Звезда 16-0 (победи-порази), Будуќност 13-3, Цедевита 11-5, Партизан 9-7, Цибона 9-7, Олимпија 8-8, Мега 7-9, Шолнок 7-9, Металац 7-9, Крка 6-10, Задар 7-8, Игокеа 5-11, МЗТ Скопје 5-11, Левски 1-14.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он

МЗТ Скопје гостува во Унгарија

Од:

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва од 18 часот гостува кај Шолнок во натпревар од 2.коло во АБА лигата.

Исто како и во првиот круг, „Аеродромци“ ќе ја отворат и втората рунда со надеж за уште еден позитивен резултат како на премиерата со Олимпија.

МЗТ годинава ќе настапува и во Еврокупот па избраниците на тренерот Влада Вукоичиќ се соочуваат со малку време за одмор во ритамот на по два натпревари неделно. Освен збиената агенда на натпревари хендикеп за нашиот шампион се повредите на двајцата високи играчи  Ѓорѓи Чековски и Кирил Николовски кои го пропуштаат и овој меч.

Денеска, утре и в четврток се играат и сите останати средби од 2.коло. Двојки за другите натпревари: Раднички – Широки, Будуќност – Задар, Цедевита – Крка, Партизан – Мега Визура, Игокеа – Црвена Звезда и Олимпија – Цибона.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 2 бода, Раднички 2, Партизан 2, Цедевита 2, Задар 2, Крка 2, Широки 2, Црвена Звезда 1, Будуќност 1, Шолнок 1, Мега Визура 1, Игокеа 1, Цибона 1, Унион Олимпија 1.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска