Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродорм има ново тешко гостување вечерва од 20 часот на отворањето од 17.коло од АБА лигата за ривал ја има унгарската екипа Шолнок. Ова воедно ќе биде деби на новиот тренер на клупата на „металците“ Александар Јончевски.
Проблем за МЗТ Скопје може да биде и тоа што во редовите на унгарската екипа како засилување е донесен Американецот Мајкл Ли. На досегашните меѓусебни натпревари одиграни во Унгарија Шолнок двапати има постигнато победи.
Ова ќе биде првиот натпревар од 17.коло, а на другите дуели двојките се: Будуќност – Левски, Крка – Игоека, Партизан – Олимпија (сабота), Металац – Цедевита, Мега – Црвена Звезда (недела) и Задар – Цибона (понеделник).
Табела: Црвена Звезда 16-0 (победи-порази), Будуќност 13-3, Цедевита 11-5, Партизан 9-7, Цибона 9-7, Олимпија 8-8, Мега 7-9, Шолнок 7-9, Металац 7-9, Крка 6-10, Задар 7-8, Игокеа 5-11, МЗТ Скопје 5-11, Левски 1-14.