Кошаркарот на Мега Лекс, дејан Мусли е најкорисниот играч во 23. коло од регионалната АБА лига.
Центарот на Мега во победата над Цедевита имаше учинок од 40 индексни поени, осум повеќе од Павел Иванов (Левски), односно 11 од Омар Кук (Будуќност).
Во ТОП 5 се уште и Томас Хеслип (Игокеа) со 28 и Реј Малком (Крка) со 27 индексни поени.
Мусли е лидер на листата најкорисни играчи со просечни 22,29 индексни поени по натпревар, пред клупските колеги Ненад Миљеновиќ со 21,48 и Никола Јокиќ со 21,43.