Мурсија префрлена од втора во трета лига

Од:

Раководството на шпанските фудбалски лиги донесе одлука екипата на Мурсија да се исфрли од втората во третата лига и да се казни со 180 илјади евра поради неисполнување на основните финансиски критериуми.

На денешниот состанок во седиштето на шпанските лиги во Мадрид присуствуваше и тренерот на Мурсија Хозе Мануел Аира кој можеше на лице место да се запознае со казните што ги доби неговиот клуб.

Група од неколку стотина навивачи кои беа собрани пред зградата во која се одржуваше состанокот бараа да не биде казнет нивниот миленик.

По овој епилог со случајот Мурсија, во новата сезона на нејзино место во Втората шпанска лига ќе игра Мирандес, иако последната сезона испадна како 19-то пласиран.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска