Мурињо: УЕФА мора да ги санкционира Нејмар и Балотели

Од:

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, смета дека Нејмар и Марио Балотели треба да бидат санкционирани за нивните „глуми“ на натпреварите во Лигата на шампионите.

Мурињо кој важи за тренер што јавно говори за работите кои не му се допаѓаат во фудбалот, не можеше да остане рамнодушен на „актерските потези“ на двајцата фудбалери на кои наседнаа арбитрите.

– Тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп, е казнет со два натпревари, бидејќи разговарал со судијата и тоа четвртиот судија. Но, што е со Нејмар и Балотели?, запрашал Жозе Мурињо. Се зависи од челниците на Европската фудбалска федерација. Јас сум никој и ништо, да се уважи моето мислење. Ако сега не се направи нешто по однос на тоа, тогаш истото ќе ни се повторува, критикуваше Мурињо, очекувајќи дека УЕФА ќе ги разгледа наведените ситуации и дека ќе изрече санкции за двајцата фудбалери.

Балотели одглуми пенал за Милан на дуелот со Ајакс, додека Нејмар имаше заслуга за исклучување на противнички играч на гостувањето на неговата Барселона кај Селтик. Ови натпревари беа од 2.коло на Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска