Португалскиот стручњак на клупата на Реал Мадрид, Жозе Мурињо останува на прогнозата од пред првиот осминафинален дуел со Манчестер дека двете екипи се со подеднакви шанси за пласман во следната фаза од Лигата на шампионите.
– Не се предомислив околу прогнозата за шансите на двете екипи да се пласираат во четвртфиналето. Процентуално тие се 50:50. А можеше да биде поинаку доколку реализиравме дел од многуте шанси за гол. Во првото полувреме ние игравме, а они дадоа гол, но за наша среќа брзо се вративме резултатски. Доколку сакаме успех, мора да постигнеме барем еден гол на „Олд Трафорд“, изјави Мурињо за шпанските медиуми.
Реал Мадрид и Манчетсер Јунајтед синоќа во Мадрид одиграа 1:1 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Реваншот е закажан за 5 март во Манчестер.