Мурињо: Роналдо не прифаќа критики мисли дека знае се

Од:

Доскорашниот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, изјави дека најдобриот играч на кралскиот клуб Кристијано Роналдо многу тешко прима критики, мисли дека е најпаметен и знае се.

– Имав само еден многу едноставен проблем со Роналдо. Тој не знаеше да поднесе критика кога е во прашање тактиката и подобрувањето на играта. Можеби мислеше дека знае се и дека тренерот тука неможе да му помогне, изјави Мурино за шпанските медиуми, зборувајќи за тригодишниот престој во Мадрид.

Новиот менаџер на Челзи смета дека во изминатите три сезони како тренер на Реал поставил добра тактика во која Роналдо можел да го покаже целиот свој потенцијал и да постигне многу голови.

– Кристијано имаше три феноменални сезони со мене, не знам дали му се тоа најдобрите во кариерата, бидејќи имаше фантастични моменти и додека играше за Манчестер Јунајтед, вели Мурињо.

Кристијано Роналдо дојде во Реал од Манчестер Јунајтед во 2009 година за 90 милиони евра и досега за кралскиот клуб одигра 199 натпревари и постигна 201 гол.

Медиумите во Шпанија и во Англија објавуваат дека и покрај критиките, Мурињо сака и се обидува да го доведе Роналдо на „Стенфорд Бриџ“ заедно со Лука Модриќ, како замени за Торес и Мата кои најверојатно ќе заминат од Челзи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска