Мурињо пред финалето на ЛЕ: Арсенал е под поголем притисок

Од:

Жозе Мурињо верува дека неговиот поранешен клуб Челзи има мала предност над Арсенал во финалето на Лигата на Европа. Ова е затоа што „сините“ веќе си загарантираа учество во Лигата на шампионите, додека ривалот заврши надвор од првите 4 во Премиер лигата. Поголем е притисокот врз Арсенал, бидејќи овој тим ќе се бори за да ја спаси сезоната со влез во ЛШ. „Топџиите“ ќе играат за милиони евра, за чест и за некаков успех во оваа кампања, рече Специјалниот за „Скај Спортс“.

Мечот во Баку ќе биде последен во кариерата на Петар Чех и скоро сигурно последен за Еден Азар во дресот на Челзи.

– Ова е меч која треба да си го избереш за крај на кариера. Сигурен сум дека Чех ќе сака да се пензионира со успех. Тој е победник и победил толку многу пати. Азар беше клучот за успесите на сегашната генерација на Челзи. Мислам дека ќе се обиде да биде она што е најголем дел од времето – фантастичен на теренот. Еден ќе се надева дека ќе го подигне последниот трофеј, пред најверојатно да оди во Реал Мадрид, додаде Мурињо

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Спортинг и Аталанта ремизираа во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа

Го судеше финалето на Лига Европа, сега е деградиран во Чемпионшип

Горан Наумовски

Навивач на Зрињски „стигна“ во холандските медиуми поради исмејувањето на познатиот тренер

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Хулиган од зад грб го нападна српскиот голман кој брани за Севиља, но беше соборен

Предраг Петровиќ

Да не беше Виљареал, само англиски клубови ќе играа во европските финалиња годинава

Жарко Настоски

ВИДЕО: „Фраерски“ потег на Мурињо, им аплаудираше на играчите на Динамо во нивната соблекувална

Жарко Настоски