Мурињо: Ова е најлошата сезона во мојата тренерска кариера

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, португалскиот стручњак Жозе Мурињо по синоќешниот пораз од Атлетико сезонава ја оцени како најлоша во неговата тренерска кариера.

– Долго сум тренер, а оваа е најлошата сезона во мојата кариера. Игравме финале во купот, полуфинале во Лигата на шампионите, втори сме во Примера и го освоивме Суперкупот, но за мене дефинитивно 2012/13 е најлошата сезона, истакна Мурињо на прес-конференцијата по синоќешното финале на „Кралскиот куп“.

Тој додаде дека неговиот тим не го заслужил поразот.

– Требаше да победиме уште во 90.те минути кога создадовме многу шанси. И во продолжението можевме, но не постигнавме гол, рече Португалецот.

Мурињо за неговата иднина во Реал кажа дека ќе одлучи по разговорите со управата. Тој има актуелен договор до 2015 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска