Мурињо: Очекувам спектакл против Јунајтед

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо изјави дека се надева на спектакуларен фудбал на неговиот тим против Манчестер Јунајтед, во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампиони.

Сите сакаме да играме против големи клубови, тренери, играчи, а Манчестер го претставува сето тоа. Секој очекува одличен натпревар. Знаеме што треба да направиме, и се надевам дека ќе го покажеме спектакуларниот фудбал и дека мечот ќе ги исполни очекувањата – изјави Мурињо.

Мурињо рече дека неговата екипа ќе мора да игра на највисоко ниво, за да оствари позитивен резултат против англискиот тим.

Ќе се соочиме со голем тим и мораме да бидеме на највисоко ниво. Реал сака да ја освои својата 10-та титула шампион на Европа, а јас сакам својата трета – изјави Португалецот.

Тој ја оцени и играта на неговиот тим позитивна во секое натпреварување во кое настапува, освен во шпанското првенство.

Играта на мојот тим во Лигата на шампиони и шпанскиот куп може да ги сметам за позитивни, она што го покажавме во Супер купот е многу добро, но во премиерата е негативно – оцени Мурињо.

Фудбалерот на Реал, Мајкл Есјен изјави дека неговиот соиграч Кристијан Роналдо не може да го дочека почетокот на натпреварот, против својот поранешен тим.

Сите во клубот се возбудени и едвај го чекаме натпреварот. Подготвен е и Роналдо. Тоа ќе биде многу емотивно за него, но се радува на дуелот – изјави Есјен.

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед се игра утре, од 20:45 часот, на стадионот „Сантјаго Бернабе“, во Мадрид.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска