Менаџерот на Челзи Жозе Мурињо пред вечерашниот дуел од Лигата на шампионите со Пари Сен Жермен соопшти дека настапот на Цеск Фабрегас е под знак прашалник.
– Фабрегас се разболе. Со него сме разлиен тим. Кога велам различен не мислам на подобар или полош, туку дека ќе изгледаме различно, но вистина е дека кога го нема него, имаме помал посед на топка, истакна Мурињо.
Натпреварот ПСЖ – Челзи е прв од осминафиналната пресметка на францускиот шампион и лидерот во англиската Премиер лига.
Средбата ќе се одигра во Париз вечер од 20 часот и 45 минути.