Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, го „пецна“ предводникот на Ливерпул, Јирген Клоп, по вчерашниот пораз на „црвените“ од Барселона со 3:0.
– Јирген е во клубот три и пол години и не освоил ништо, но тој се уште има доверба и условите да оди напред. Оваа сезона тие имаа одлична шанса да ја освојат титулата за прв пат во Премиер лигата. Затоа нема да започнам преговори со клубови кои не поставуваат јасни цели пред мене, додаде Мурињо.
Иако, Ливерпул има теоретски шанси во последните две кола да стигне до трофејот во Премиер лигата, а го чека и реванш со Барселона во полуфиналето на ЛШ, очигледно, Мурињо смета дека тимот предводен од Клоп, нема шанси за пресврт.
Мурињо е без работа по отказот од Манчестер јунајтед од крајот на мината година. Тој во својата кариера ги водел уште и: Бенфика, Леира, Порто, Челзи, Интер и Реал Мадрид.