Мурињо: Касиљас тешко ќе се врати на голот

Од:

Тренерот на Реал Мадрид Жозе Мурињо изјави дека Икер Касиљас тешко ќе се врати на голот, на фудбалскиот клуб, бидејќи за сега одлично брани, Диего Лопес.

Мурињо по ремито со Сарагоса од 1:1, изјави дека Лопес тешко ќе го напушти голот, доколку продолжи со добрата одбрана.

Лопес дојде од Севиља, откако на 24-ти јануари Касиљас ја повреди раката. Новиот голман на Реал помогна во елиминацијата на Манчестер Јунајтед во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Лекарите на Касиљас му дозволија вчера да игра, но тој се најде на резервната клупа.

Мурињо изјави дека Касиљас нема да биде во тимот ниту за четвртфиналето од Лигата на шампионите, кое се игра во среда со Галатасарај, но може да биде во екипата за наредниот натпревар против Леванте.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска