Одлуката на судијата Чакир да го исклучи домашниот играч Нани на синоќешниот дуел од осминафиналето меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид предизвика многу реакции во фудбалската јавност, а тренерот на „кралскиот клуб“ Жозе Мурињо се присети на сличните ситуации на натпреварите против Барселона.
-И нас ни исклучувале играчи, а сега Алекс Фергусон знае како се чувствував јас кога за слични стартови нас ни исклучувале играчи. Што се однесува за резултатот ќе кажам дека подобрата екипа загуби. Ние не игравме добро и на ја заслуживме победата, но среќни сме што одиме понатаму и во следната фаза очекувам повеќе од моите играчи, истакна Мурињо.
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Аекс Фергусон не се појави на прес-конференцијата во знак на револт поради црвениот картон на Нани.
Сепак, и во Англија има такви кои застана во одбрана на одлуката на судијата, а тоа го стори и некогашниот капитен на Манчестер Рој Кин.
– Судијата донесе правилна одлука колку и да не се согласуваме со тоа. Тој според фудбалските правила ја санкционираше опасната игра и тоа е во ред. И јас сум бил често пати исклучуван поради груба игра, но такви се правилата и тие мора да се почитуваат, констатира легендарниот фудбалер на Манчестер.