Мукаетов останува на чело на РФМ

Од:

Живко Мукаетов и натаму ќе биде претседател на Ракометната федерација на Македонија, откако сите делегатите на денешното собрание, а по предлог на членот на РК Пролет Ѓоко Огњановски, ја избришаа точката за оставка на првиот човек на федерацијата.

– Пред мене има список на сите клубови со потписи и печати кои му даваат безрезервна поддршка на актуелниот претседател, затоа мој предлог е точката број 9 од дневниот ред да се избрише, изјави Огњановски.

За дадената безрезервна поддршка се заблагодари претседателот на РФМ Живко Мукаетов.

– Оставката ја поднесов од принципиелни причини, ама гледам дека немам многу избор. Пред нас е многу работа, сите заедно треба да го кренеме квалитетот на ракометот во Македонија. Вашата поддршка многу ми значи и ќе останам до крајот на мандатот.
Мукаетов има мандат до март 2017 година да биде на чело на РФМ.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ