Тренерот на Цедевита, Вељко Мршиќ го повика навивачите на сите хрватски клубови, и фудбаски и кошаркарски, да ја поддржат Цедевита на вториот дуел од полуфиналната пресметка со Црвена звезда, како што тоа некогаш го правеа со Цибона.
– Веднаш по натпреварот во Белград реков дека очекувам полна сала во Загреб. Ние сакаме ситните клупски интереси да ги оставиме зад себе. Ќе игра хрватски против српски тим и се надевам на атмосферата како во 1984 година, кога навивачи од сите клубови заедно, навиваа за Цибона, истакна Мршиќ во пресрет на дуелот со „црвено-белите“.
Тој додаде дека повторно очекува неизвесен натпревар до самиот крај.
– Во последните два натпревари против Звезда во Белград и Ефес во Истанбул загубивме во финишот, но најважно е дека како тим изгледавме добро. Ќе дадеме се од себе и ќе видиме дали тоа ќе биде доволно, рече тренерот на Цедевита.
Вториот полуфиналниот меч од плеј-офот од регионалната кошаркарска АБА лигата меѓу Цедевита и Црвена звезда се игра вечер од 20 часот. Белграѓани водат со 1-0 во серијата прв до две победи.
Финале веќе обезбеди Мега Лекс по 2-0 во полуфиналето со Будуќност.