Морнар избори мајсторка со АБА шампионот

Од:

Предводени од Немања Врањеш и Дерек Нидам, црногорскиот претставник Морнар синоќа во Бар ја совлада Црвена Звезда со 88:84 и се избори за мајсторка во полуфиналето на регионалната кошаркарска АБА лига.

Иако домаќините беа ослабени со отсуството на повредениот центар Урош Луковиќ, сепак стигнаа до триумф против бранителот на трофејот и ја изедначија серијата на 1-1 во победи.

Врањеш средбата ја заврши со 29 поени, еден помалку постигна Нидам.

Кај ѕвезда најефикасен беше Тејлор Рочести со 16 поени, додека македонскиот интернационалец Перо Антиќ реализира шест коша.

Решавачкиот натпревар кој ќе го даде патникот во големото финале се игра на 2 април во Белград.

Мајсторка ќе се игра и на втората полуфинална пресметка каде Будуќност ќе ја има предноста домашен терен во дуелот со Цедевита.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Обрадовиќ збесна и удри човек, многумина не го видоа тоа во преносот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Жестоко во „Пионир“: Навивачите направија хаос, натпреварот Црвена Звезда-Партизан доцнеше

ВИДЕО: Лесор суспендиран на три натпревари поради физички напад

ВИДЕО: Се пресметаа навивачите на Црвена Звезда и Будуќност на трибините во „Морача“

ВИДЕО: Убедлив пораз на МЗТ Скопје од Будуќност

ВИДЕО: Инцидент на мечот Будуќност-Мега, Американецот Рид исклучен поради брутален напад

Жарко Настоски