Монако со сериозна понуда за Фабрегас

Од:

Играчот од средниот ред на Челзи, Цеск Фабрегас може наскоро да го напушти клубот. Според „Газета дело Спорт“, Монако направил сериозна понуда за 31-годишниот Шпанец.

Фабрегас е подготвен да замине од Лондон поради минималната можност да игра под водство на Маурицио Сари. Тој го загуби местото во стартните единаесет во конкуренција со Рос Баркли.

Во актуелната сезона, Фабрегас учествуваше во 13 натпревари за Челзи, постигна 1 гол и даде 2 асистенции.

Во меѓувреме заменик-претседателот на Монако, Вадим Василиев, рече дека тимот треба да се справи со тешкотиите и да стане посилен. Тој додаде дека иднината на клубот изгледа возбудлива.

– Секако, не сме претпоставувале дека ќе се соочиме со такви тешкотии, но останувам позитивен. Иднината на клубот изгледа возбудливо.Мора да ја напуштиме опасната зона и тука гледам предизвик за Монако. Клубот треба да биде посилен, рече Василиев.

Монако е на претпоследна позиција во пласманот, со само 13 поени по 17 круга.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Монако го купува Минамино

А1он

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска