Молде и Скендербег најубедливи по првите натпревари од 2.коло во квалификациите за ЛШ

Од:

Прваците на Норвешка и на Албанија, екипите на Молде и на Скендербег се наоѓаат пред пласман во третото квалификациско коло од фудбалската Лига на шампиони откако по првите дуели во втората рунда забележаа високи победи над своите ривали.

Македонскиот шампион Вардар одигра нерешено на Кипар со АПОЕЛ, Агим Ибраими со Марибор славеа минимална победа на домашен терен, Сараево за кој настапува Крсте Велковски загуби од Лех, а Видеотон без Мирко Ивановски во составот беше успешен на гости кај ТНС.

Постигнати резултати на 12-те први натпревари од 2.коло во квалификациите за ЛШ:

Вентспилс – Хелсинки 1:3,
АПОЕЛ – Вардар 0:0,
Митјиланд – Линколн 1:0,
Лудогорец – Милсами Орхеи 0:1,
Хибернијанс – Макаби Тел Авив 2:1,
Молде – Пјуник 5:0,
Скендербег – Крусајдерс 4:1,
ТНС – Видеотон 0:1,
Марибор – Астана 1:0,
Тренчин – Стеауа 0:2,
Партизан – Дила Гори 1:0 и
Сараево – Лех 0:2.

Вечер играат:

Карабаг – Рудар,
Малме – Жалгирис,
БАТЕ Борисов – Дандалк,
Селтик – Стјарнан и
Динамо Загреб – Фола.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска