Македонскиот олимписки комитет (МОК) им го честиташе успехот на македонските ракометари кои на Светското првенство во Катар ја поминаа групната фаза, а во осминафиналето беа спорени од Словенија.
Во честитката испратена до репрезентативците и до претседателот на Ракометната федерација на Македонија Живко Мукаетов, првиот човек на МОК Васил Тупурковски изразува надеж дека преку Европското првенство може да се стигне до Олимписките квалификации.
– Почитуван г-дине претседател, Македонскиот олимписки комитет ја користи оваа прилика да ви го честита постигнатиот успех на Светското првенство во ракомет кое се одржува во Доха, Катар. Силно веруваме дека Македонската ракометна репрезентација на ова Светско првенство даде сѐ од себе, дека покажа голема борбеноста и дека подготвено влезе на ова Светско првенство за да ја постигне зацртаната цел и да обезбеди пласман на квалификационот турнир за учество на ОИ Рио 2016. Со секоја победа нашата радост беше се поголема, и иако поразот од Словенија ни предизвика голема тага, сепак играта и пожртвуваноста на македонските ракометари не уверија дека нивната игра и однесување беа на највисоко можно ниво. Во овој момент ја изразуваме нашата искрена желба и верба дека на претстојното Европско првенство во Полска, ќе биде остварена зацртаната цел и дека ќе биде реализирано долго очекуваното учество на најдобрите македонски ракометари на Олимписките игри во Рио, 2016 година, стои во честитката од МОК.