МОК ТВ ќе врши преноси од натпревари во организација на МКФ

Од:

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Петар Наумоски, постигна договор со претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК) Васил Тупурковски за вршење на директни преноси од страна на „МОК ТВ“ (You Tube канал) од натпреварите од домашното првенство како и меѓународните натпреварувања во организација на МКФ за сите возрасни категории и во двете конкуренции (машка и женска).

Материјалите од снимените видео записи ќе бидат дадени на користење на МКФ со цел што подетални анализи на постигнатите резултати и прикажаните перформанси на сите учесници на натпреварот.

Двете страни, МКФ и МОК, веруваат дека со оваа наградена блиска соработка ќе се зголеми вредноста на заедничките напори за подобрување на перформансите и резултатите на нашите најдобри кошаркари и кошаркарки, во сите возрасни категории.

Македонскиот олимписки комитет веќе изврши пренос на неколку кошаркарски натпревари, а следен пренос на МОК ТВ е натпреварот меѓу КК Работнички и КК Кожув од четвртото коло на Супер лигата закажан за в сабота (1 април) од 18 часот.

Би можело да ве интересира

Левица: Обвинителството има отворено предистражна постапка за малверзациите во Македонскиот олимписки комитет

Катерина Ѓуровски

Скопје ќе биде домаќин на Европски олимписки младински фестивал во 2025 година

Предраг Петровиќ

Училишен тест за Борко: Димевски подготви прашалник по најавите за тужба од суспендираниот голман

A1on

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

МОК воспоставува манифестација за најуспешни македонски спортистки

Ана Ололовска

МОК го награди Георгиевски со 10.000 евра и стипендија за олимпиското сребро

Ана Ололовска