Македонскиот олимписки комитет (МОК) во тесна соработка со Американскиот олимписки комитет, обезбеди базични едномесечни подготовки за Анастасија Богдановски, олимписки стипендист и потенцијален кандидат за учество на ОИ РИО 2016, која во периодот 1 мај – 1 јуни , заедно со најдобрите американски пливачи ќе се подготвува во Олимпискиот центар во Колорадо Спрингс (САД).
Богдановски водена од својот тренер Ерик Посеги (САД) ја темпира својата форма за успешен настап на ОИ и заради тоа нема да настапи на ЕП во пливање во Лондон (Велика Британија).
За подобро спроведување на олимпискиот план и програма, нашата најдобра пливачка, во договор со своето семејство, на една година го одложи студирањето на медицинскиот факултет во Балтимор, за што подобро да се подготви за евентуалното учество на ОИ РИО 2016.
– Иако досега Анастасија Богдановски нема постигнато „А“ олимписка норма, сепак се надеваме дека таа ќе добие покана од ФИНА и дека ќе учествува на ОИ РИО 2016, е ставот на МОК.