МОК доби неповолен резултат од допинг контрола на македонски спортист

Од:

На 4 Мај 2015 година, Македонскиот олимписки комитет побара ненајавена, надвор од натпревар, допинг контрола на 10 спортисти кои требаше да бидат дел од екипата на МОК, која ќе настапи на Европските игри Баку 2015. Од направените тестови еден бил позитивен, информираа денеска од МОК.

– Во соработка со Националната анти-допинг комисија, беа земени примероци од 10 спортисти, а по завршување на анализата на резултатите, направена во акредитираната лабораторија во Сиберсдорф, Австрија, беа добиени девет негативни и еден неповолен аналитички наод кој наведува дека постои претпоставен прекршок на анти-допинг правилата. Сите правни процедури се превземени и наскоро, конечната одлука ќе биде јавно достапна.

На првите Европски олимписки игри во Баку, Азербејџан требаше да учествуваат 43 македонски спортисти во девет спортови, но по позитивниот тест на еден од нив неизвесна е конечната бројка.

Игрите ќе се одржат во периодот од 12 до 28 јуни.

Би можело да ве интересира

Левица: Обвинителството има отворено предистражна постапка за малверзациите во Македонскиот олимписки комитет

Катерина Ѓуровски

Скопје ќе биде домаќин на Европски олимписки младински фестивал во 2025 година

Предраг Петровиќ

Училишен тест за Борко: Димевски подготви прашалник по најавите за тужба од суспендираниот голман

A1on

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

МОК воспоставува манифестација за најуспешни македонски спортистки

Ана Ололовска

МОК го награди Георгиевски со 10.000 евра и стипендија за олимпиското сребро

Ана Ололовска