Модриќ: По Светското првенство бев исцрпен и физички и ментално

Од:

Најдобриот фудбалер на Мундијалот во Русија, Лука Модриќ, изјави дека по планетарниот собир се чувствувал многу изморено. Членот на Реал Мадрид со хрватската репрезентација стигна до финалето на СП 2018.

33-годишниот играч сега се чувствува подобро и постепено се враќа во ритам.

– Бев многу уморен по Светското првенство, и морално и физички. Сега се чувствувам подобро, редовно можам да играм, се чувствувам свежо и релаксирано, изјави Модриќ за „Марка“.

Запрашан за „Златна топка” за која конкурира тој Кристијано Роналдо и Мохамед Салах, Модриќ рече дека не е оптоварен со тоа кој ќе ја освои.

– Не мислам на тоа. Ако победам е одлично. Но, ако тоа не се случи, во ред е – животот продолжува. Во секој случај, јас сум благодарен на сите што ме поддржуваат, додава Модриќ.

Би можело да ве интересира

Капитенот на Северна Кореја беше единствениот кој гласаше за Модриќ

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Модриќ за 400 натпревари за Реал: Ми се исполни сонот да играм овде

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска