Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби денеска од Казахстан со 2:1 во премиерниот натпревар на меѓународниот турнир во Анталија.
Сите голови беа постигнати во вториот дел, откако Казахстан со головите на Улшин, во 56-та минута, и Шумабек (73) обезбеди сигурно водство пред Калкан во 80 минута да го постигне почесниот гол за македонскиот состав.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски в сабота против Словачка го играат вториот натпревар на турнирот во Турција, додека два дена подоцна на програмата е мечот против Бугарија.