Митков: Украина е првиот најважен противник

Од:

Ракометарите на Македонија во некомплетен состав ги почнаа подготовките за двата последни дуела од квалификациите за Европското првенство во Хрватска 2018. Селекторот Раул Гонзалез истакна дека овие денови ќе ги искористи за воигрување, а со А репрезентацијата тренираат и неколку младински репрезентативци. За отсуството на дел од играчите поради клупските обврски напомена дека тие нема да имаат проблем да се вклопат откако во понеделник ќе се приклучат на тимот.

– Сите во групата имаме по четири бодови. Добро е што имаме неколку дневни подготовки и важно е да одиме натпревар по натпревар. Првиот најтежок ривал сега ни е Украина, потоа ќе мислиме на Чешка со која играме на домашен терен. Со Украина на гости ќе биде тешко дека веќе постигнаа две победи пред своите навивачи (Исланд и Чешка). Ако направиме позитивен резултат ќе имаме големи шанси да освоиме едно од првите две места. Затоа е важен дуелот со Украина, а потоа пред полна сала во Скопје да постигнеме позитивен резултат и да се пласираме на ЕП во Хрватска, изјави Влатко Митков.

Дуелот Украина – Македонија е од 5.коло од групата 4 и се игра на 15 јуни во Суми, а ден порано играат Чешка и Исланд.

Во групата сите селекции имаат по 4 бодови и во моментов прва е Чешка со најдобра гол разлика (+10), Македонија е втора со (+3), Исланд е на третото место (-5), а Украина е последна со (-8).

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП