Минимални победи за Барселона и Баерн

Од:

Екипите на Барселона и на Баерн Минхен постигнаа минимални победи на првите четвртфинални дуели од Лигата на шампионите. И двата тима ја искористија предоста на домашен терен.

На дуелот на „Камп Ноу“ Атлетико Мадрид поведе во 25.минута со голот на Фернандо Торес. Но, истиот фудбалер за само десет минути доби два жолти картона и беше исклучен во 35.минута. Предноста од играч повеќе Барселона ја искористи во вториот дел со двата гола на Луис Суарез во 63.минута и 74.минута.

На натпреварот на „Алијанц Арена“ во Минхен, Баерн ја совлада Бенфика со 1:0 со голот на Артуро Видал во 2.минута.

Реванш дуелите ќе се играат на 13 април.

Вечерва на програмата се другите два четвртфинални дуели:

ПСЖ – Манчестер Сити и

Волфсбург – Реал Мадрид.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска