Минимална предност на Атлетико за реваншот против Баерн

Од:

Фудбалерите на Атлетико Мадрид се стекнаа со минимална предност од еден гол за реванш дуелот против Баерн во Минхен, во полуфиналето од Лигата на шампиони.

Клучниот момент на натпреварот се случи уште во десетата минута кога по соло акцијата Саул Нигез го совлада гостинскиот голман Нојер и го постигна единствениот гол на мелит за победа на Атлетико од 1:0.

Иако предноста е минимална но Баварците сега ќе имаат дополнителен товар да ја прекинат лошата традиција во полуфиналните дуели со шпанските екипи. Имено, Баерн во изминатите две сезонни во ЛШ, беше елиминиран во полуфиналната рунда од Реал и Барселона, тимови против кои првата полуфинална средба ја играше во Шпанија и ги загуби двете.

Ако се водат од таа традиција, тогаш фудбалерите на Атлетико може да се надеваат и на шампионски трофеј, бидејќи токму преку елиминацијата на Баерн во полуфиналето, подоцна Реал и Брселона ја освојуваа Лигата на шампиони.

Но дали традицијата ќе продолжи ќе дознаеме по реванш натпреварот што ќе се игра во вторник (3 мај) во Минхен.

Ден подоцна својата реванш средба ќе ја одиграат Реам Мадрид и Манчестер Сити, чиј прв дуел заврши без голови 0:0.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска