Милосављев: Би сакал целата кариера да ја поминам во Вардар

Од:

Голманот на Вардар, Дејан Милосављев во интервју за клупскиот сајт изјави дека „цревно-црните“ не се аутсајдери во ниту еден натпревар од Лигата на шампионите, а потценувањето од останатите само дополнително ги мотивирало играчите на Парондо.

– Мислам дека не сме биле аутсајдери на ниту еден натпревар. На мечот со Рајн Некар некои луѓе очекуваа дека мечот може да биде многу потежок, зашто Рајн Некар е брза екипа, а ние имаме неколку повредени играчи и може не сме во можност да играме брз ракомет. Тоа, пак, дека луѓето сезонава го потценија Вардар дополнително не мотивираше. Костурот на екипата кој беше и минатата сезона, а кој го сочинува Вардар, тука мислам на капитенот Стојанче Стоилов, Тимур, Карачиќ, Чупиќ, Шишкарев, се играчи со светски имиња во ракометот и мислам дека ниту еден противник, кој ќе се најде спроти нив, не треба да ги потцени, смета Милосављев.

Во однос на тоа каде се гледа себе си во иднина, голманот без размислување одговора „во Вардар“.

– Договорот ми е на три години. Но, има луѓе кои кога ќе дојдат, коментираат, добро браниш, млад си, нема да останеш долго во Вардар, но јас не размислувам за друг клуб. Неверојатно е ова што тука го доживувам и би останал уште 15 години, целата своја кариера. Гледам зашто сите играчи тука би сакале да ја поминат кариерата. Најверојатно ќе дојде време да отидам во друг клуб, зашто сите менуваат, но сега би сакал тука цела своја кариера, ако е можно, додава Србинот за клупскиот сајт.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ