Милер со појаснување за трансфер политиката на Баерн: Мојата изјава е погрешно протолкувана

Од:

Томас Милер ја разјасни својата изјава за трансфер политиката на Баерн (Минхен). Во телевизиско интервју по победата во Купот на Германија во средата против Ајнтрахт (Франкфурт), тој коментираше дека е „малку парадоксално кога секогаш се зборува за нови додатоци, а во исто време платите на играчите се намалуваат“.

Вчера, спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, ги замоли играчите да се воздржат од давање јавни изјави за трансфер политиката на клубот.

Во својот профил на Твитер, Милер рече дека неговата изјава е намерно погрешно толкувана од страна на медиумите и дека остава впечаток дека дури и во овие тешки времиња, големи трансфери сè уште се можни.

– Лично, го сакам најдобриот можен состав за следната сезона. Имам големи цели. Сакам да ја освојам Лигата на шампионите. Сакам да нападнеме, да го продолжиме она што го имаме во моментот, рече Милер.

Поранешниот германски репрезентативец додаде дека фудбалерите се откажале од дел од своите плати за да им помогнат на вработените во клубот во позадина на кризата поради пандемијата од коронавирус и инсистира на тоа дека тој се уште сака да има врвни трансфери во тимот на Баерн, што може да ја донесат осмата последователна титула во Бундеслигата во вторникот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска