Италијанскиот олимписки комитет со писмо го информирал Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) за можноста да ги организира Зимските олимписки игри во 2026 година заеднички во градовите Торино и Милано.
Двата северноиталијански градови го изготвиле планот за организација. Иако натпреварите ќе се одржуваат во поширок регион, сепак официјално Игрите ќе се именуваат само по еден град. Торино во 2006 година веќе беше домаќин на ЗОИ.
Меѓу посериозните кандидати се споменува и турскиот град Ерзурум.
Оваа година Зимските олимписки игри се одржаа во Пјонгчанг, додека домаќин на следните Игри во 2022 година е Пекинг.