Со одигрувањето на синоќешните пет реванш бараж дуели заврши елиминациска фаза од Лигата на шампионите. Со десетте екипи кои ги минаа квалификациите познати се 32.та тима кои ќе играат во групите од Лигата на шампионите. Во групната фаза ќе настапат 14 екс-европски шампиони, а единствен дебитант е тимот на Австрија Виена.
Марибор на македонскиот репрезентативец Агим Ибраими не успеа да ја мине оваа пречка и ќе продолжи да игра во Лига Европа.
Резултати на синоќа одиграните бараж натпревари:
Зенит – Ферерира 4:2 (8:3 вкупен резултат),
Милан – ПСВ Ајндховен 3:0 (4:1),
Марибор – Викторија Плзен 0:1 (1:4),
Селтик – Шахтјор Караганди 3:0 (3:2) и
Реал Сосиедад – Олимпик Лион 2:0 (4:0).
Извлекувањето на групите ќе се одржи попладнево во Монако.
Денеска на програмата се и реванш натпреварите од плеј оф фазата и во Лига Европа.