Мик Шумахер: Големата цел е „Формула 1“

Од:

Синот на легендата Михаел Шумахер – Мик потврди дека неговата голема цел останува учество во „Формула 1“. Пред неколку дена, шефот на Ф1, Чејс Кери изјави дека ако 19-годишниот пилот, син на седумкратниот светски шампион, успее да си го отвори патот до посакуваниот мотоспорт, тоа ќе биде „прекрасна приказна“.

Неодамна синот на Шумахер победи на трката од Европската Формула 3 на патеката „Спа“ во Белгија.

– Имам само убави спомени од „Спа“. Секој знае дека за татко ми тоа беше како „дневна соба“. Сакам да се натпреварувам тука, бидејќи знам добро дека и тој сакаше, истакна Мик.

Засега синот на Шумахер е осми во генералниот пласман во Формула 3.

– За жал, досега среќата не беше на моја страна, но се надевам дека во остатокот од сезоната ќе биде различно. Се разбира, мојата најголема цел останува Формула 1. Но, ние напредуваме постепено, со мали чекори, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин