Михајловиќ ги потврди страшните вести: Имам леукемија

Од:

По најавата на италијанските медиуми дека српскиот фудбалски тренер Синиша Михајловиќ е тешко болен, се огласи и тој и ја потврди веста.

Михајловиќ на конференцијата за медиуми рече дека боледува од леукемија. Коријере дело спорт исто така објави и дека тренерот ќе прима терапии.

– Се ќе ви објаснам, затоа што не сакам луѓето да шпекулираат за мојата болест. Ќе ви ја кажам вистината, како стојат работите. За жал или на среќа, направивме некои тестови кои ни покажаа аномалии кои ги немав пред 4 месеци. Добив преку 600 пораки со поддршка. Благодарност на луѓето во Болоња за големата помош. Покажаа дека ме сакаат и се вистинско семејство, рече Михајловиќ.

Испитувањата покажале дека станува збор за акутна леукемија. Поддршка добил и од директорот на клубот Валтер Сабатини.

– Имаше многу храброст штом свика прес-конференција за да ги извести луѓето за една ваква чувствителна работа. Ние сме овде да го поддржиме него. Овој човек ќе ја води Болоња додека не му истече договорот. Ќе биде со нас што и да се случи, рече Сабатини.

Михајловиќ пред новинарите кажа дека е лут на Коријере.

– За жал почит кон мојата приватност немаше, само да се продадат повеќе копии од весникот. Ја расипаа соработката на долги стази, рече Михајловиќ и додаде:

„За жал или на среќа, направивме некои тестови кои ни покажаа аномалии кои ги немав пред 4 месеци. Ќе објаснам подетално затоа што не сакам да се шпекулира. Ќе ви ја кажам вистината и кога ќе го направам тоа, докторите ќе го кажат останатото, почитувајќи ја мојата приватност“, рече српскиот тренер.

Михајловиќ кажал дека има грозница, но направил уште неколку тестови кои покажале дека се работи за леукемија.

– Знаат дека грозницата не би ме спречила да одам на тренинзи пред сезоната. Реков дека имам температура, но направивме нови тестови. Кога ги добив вестите, тоа беше вистински удар. Седев и плачев со денови. Животот ви проаѓа пред очи. Тоа не се солзи од страв, ја почитувам болеста, ќе се соочам со крената глава, гледајќи ја во очи, како што правев секогаш. Едвај чекам да почнам со борбата. Агресивна е, но може да се победи. Им го објаснив тоа на играчите. Природно имаше и солзи, рече Михајловиќ.

– Мораме да напаѓаме за да победиме. Ако се браниме, веднаш не поразуваат. Морам да ја искористам својата тактика и во оваа борба и сигурен сум, без сомнеж дека ќе победам. За своето семејство, деца и оние кои ме сакаат, убеден е Синиша Михајловиќ.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Громогласен аплауз, песни и факли: Плејада великани се простуваат од Михајловиќ

А1он

ВИДЕО: Луѓе во колони чекаат да се простат од Синиша Михајловиќ

Ана Ололовска