Миа Крстевска освои злато и го урна државниот рекорд на 200 метри грбно

Од:

Младите македонски пливачи Миа Крстевска и Иван Симоновски освоија златни медали на традиционалниот пливачки митинг „11 април“ во Белград.

Крстевска победи на трката на 200 метри грбно со време од 2 минути, 21 секунда и 32 стотинки со што постави нов државен рекорд. Со овој успех пливачката исполни норма за настап на Европското младинско првенство и Младинската олимпијада оваа година.

Во дисциплината 100 метри пеперутка Симоновски го освои златниот медал со време од 57,66 секунди.

Поради овие резултати Македонија за прв пат по 21 година ќе има тројца пливачи на младинската Балканијада во Сараево, а освен Крстевска и Симоновски ќе настапи и Ана Јаневска

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска