Металург поразен на гостувањето кај Целје

Од:

Ракометарите на Металург венеска беа поразени на гостувањето кај Целје со 34:25 во натпревар од 9. коло од СЕХА Лигата.

Домаќините во текот на целото прво полувреме беа во предност и на пауза заминаа со 15:12. Македонскиот вице-шампион успеа да го изедначи резултатот во 35. минута од натпревар на 16:16, по што следуваше серија од 6:1 за домаќините со која што повторно се вратија во резултатска предност, која што се зголемуваше до крајот на натпреварот.

Најефикасен кај победникот беше Тилен Кодрин со 10 голови, а голманот на домашните Урбан Лесјак имаше 19 одбрани. Кај Металург најпрецизен беше Халил Јагањац со осум голови.

Целје во моментов е на третата позиција со 17 поени, додека Металург остана на седмата со 9 поени.

Во следното, 10. коло од СЕХА Лигата се среќаваат екипите на Вардар и Металург.

Би можело да ве интересира

Вардар нема да оди на шеста СЕХА титула по пенал-драмата со Нексе

Вардар: Изборивме место на Ф4, СЕХА реши да не исфрли поради позитивен случај

А1он

Вујовиќ по исфрлањето на Вардар од Ф4: Срамна одлука на СЕХА

СЕХА потврди, Вардар нема да игра на „Фајнал фор“

А1он

Поради позитивен ракометар на коронавирус, Вардар најверојатно нема да игра на Ф4 во СЕХА

А1он

СЕХА: Еурофарм Пелистер елиминиран во четвртфиналето