Металург и МЗТ во ист ден во иста сала имаат натпревар

Од:

Помалку чудна ситуација доаѓа за двата состави кои се натпреваруваат во меѓународните натпреварувања според утврден календар.

Металург на 1 декември со термин од 18:00 часот треба да игра против францускиот состав на Шамбери во рамките од седмото коло од Ц групата во Лигата на шампионите во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Додека МЗТ го пречекува унгарски Шолнок во меч што одамна е закажан во регионалната лига. Со оглед на тоа што ракометните средби се играат на специјална подлога за кое местење е потребно време додека кошарка се игра на паркет тогаш станува сосема јасно дека е речиси невозможно двете средби да бидат одиграни во ист ден односно во термините во кои се дуелите се закажани.

Каде е проблемот ќе покаже времето што следува, но повеќе од јасно е дека пред трите страни е сериозен проблем бидејќи ниту ЕХФ ниту АБА-лигата не дозволуваат така лесно променување на датумот па дури и на терминот на веќе закажаните средби.

Во прашање се веќе договорени телевизиски преноси поврзани со маркетинг правата, поради што каква било промена со себе повлекува и огромни пенали.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ