Металац со пресврт во последната четвртина дојде до победата над Шолнок

Од:

Кошаркарите на Металац постигнаа победа од 72:65 над Шолнок на последниот натпревар од 15.коло од АБА лигата. Решавачката разлика Металац ја направи во последната четвртина и ја постигнаа шестата победа. По четвртини резултатот беше: 11:16; 18:13; 17:21 и 26:15.

Со овој триумф Металац има ист скор (6-9) како и нивиниот синоќешен ривал Шолнок и се наоѓаат на делба на 10. и 11.место.

Резултати од 15.коло: Задар – МЗТ Скопје 74:69, Црвена Звезда – Цибона 80:64, Цедевита – Олимпија 66:60, Крка – Партизан 72:78, Будуќност – Игокеа 87:72 и Мега – Левски 89:68.

Табела: Црвена Звезда 15-0 (победи-порази), Будуќност 12-3, Цедевита 11-4, Олимпија 8-7, Партизан 8-7, Цибона 8-7, Мега 7-8, Задар 7-8, Крка 6-9, Шолнок 6-9, Металац 6-9, Игокеа 5-10, МЗТ Скопје Аеродром 5-10, Левски 1-14.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Стартува новата сезона во АБА лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје рано ги заврши настапите во АБА 2 лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје со пораз го заврши АБА 2 турнирот во Сараево

Ана Ололовска