Меси: За никакви пари не ја напуштам Барселона

Од:

Напаѓачот на Барселона Лионел Меси сака кариерата да ја заврши во својот сегашен клуб. Интерес за ангажман на Аргентинецот во последно време покажуваат ПСЖ и Манчестер Сити, но судејќи според неговите зборови нема пари кои би можеле да го принудат да си оди од „Камп Ноу”.

-Отсекогаш сум нагласувал дека не сакам да ја напуштам Барселона и секогаш ќе го давам истиот одговор на ова прашање. Сакам да ја завршам кариерата дома, а мојата куќа е Барселона, потенцира Меси.

Аргентинскиот репрезентативец минатата година со каталонскиот клуб стана првак на Шпанија, Европа и светот, а вчеравечер беше прогласен за најдобар фудбалер во 2015 година и по петти пат ја освои наградата „Златна топка“.

Меси во младинските селекции на Барселона дојде 2001 година на 14-годишна возраст, а своето деби за првиот тим го имаше три години подоцна.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска