Меси тестиран за коронавирус и може да продолжи со тренинзи

Од:

Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси помина тест за коронавирус, пренесува „Оле“. Клубот испратил лекарски тим во домот на Аргентинецот. Доколку неговиот резултат е негативен, тогаш утре фудбалерот ќе го направи првиот тренинг за новата сезона.

Меси изрази желба да го напушти каталонскиот клуб, што доведе до неколкудневна сага со неговата иднина, но на крајот управата категорично одби да се раздели со својата аргентинска sвезда, а Ла Лига ја отфрли можноста да ја искористи клаузулата. и да замине како слободен агент, бидејќи оваа можност истече на 10 јуни.

Токму овие несогласувања меѓу двете страни доведоа до ситуација во која тој ги игнорираше тестовите за коронавирус на тимот и ги пропушти првите неколку тренинг сесии.

Управата, од своја страна, нема да го казни играчот.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот