Меси: Со Суарез ќе бидеме многу посилни

Од:

Најдобриот играч на Барселона Лионел Меси рече дека Луис Суарез ќе биде огромно засилување за екипата, која сезонава има аспирација да биде на врвот во шпанскиот и европскиот фудбал.

– Имавме среќа Суарез да дојде во Барселона. Со него во составот ќе бидеме многу посилни и ќе можеме да играме поразновидно. Мораме повторно да почнеме да освојуваме трофеи. Амбициите остануваат исти како лани. Минатата година немавме успех и сега мора да го подобриме впечатокот, изјави за телевизијата ЕСПН аргентинскиот интернационалец Лионел Меси.

На Суарез на крајот од октомври му истекува четиримесечната суспензија поради гризнувањето на Џорџо Кјелини за време на Мундијалот во Бразил.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска