Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси постигна три погодоци во синоќешниот натпревар со Селтик (7:0) од Лигата на шампионите и се искачи на врвот на листа по број на „хет-трик“ во елитното натпреварување.
Сега Меси има шест „хет-трика“ и повторно е сам на врвот, пред Кристијано Роналдо кој петпати на еден натпревар од ЛШ постигнал три погодоци.
Во ТОП 5 на оваа листа се уште и: Марио Гомез, Филипо Инзаги и Луиз Адриано, сите со по три „хет-трика“.