Најдобриот фудбалер на Барселона Лионел Меси со двата гола на синоќешниот дуел против Ајакс се изедначи со Раул Гонзлаес на вечната листа најдобри стрелци во Лигата на шампионите.
Аргентинецот на средбата во Амстердам ги постигна 70. и 71. гол исто колку што има и Раул.
По 4.коло во елитното натпреварување, најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо падна на третата позиција. Португалецот ова коло не беше ефикасен и остана на 70 голови.
Следува неизвесна трка меѓу Меси и Роналдо за искачување на врвот на листата најдобар стрелец во Лигата на шампионите на сите времиња.