Меси само што не го продолжил договорот со Барселона, тврдат локални медиуми

Од:

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси е на чекор од продолжување на договорот со шпанскиот прволигаш Барселона, објави денеска каталонската телевизиска станица ТВ3, додавајќи дека неговиот татко и личен менаџер води успешни преговори со клубот.

Договорот на Меси во дресот на Барселона истекува во јуни.

Аргентинецот беше незадоволен од случувањата во екипата во текот на сезоната и веќе најави дека ќе го напушти клубот. Ситуацијата, меѓутоа, во меѓувреме се смени на подобро и Барселона има реални шанси за освојување на шпанската титула, што дополнително ги зголеми шансите капитенот да ја продолжи соработката со каталонскиот гигант во кој ја мина целата своја кариера.

Според каталонскиот медиум, 33-годишниот Меси е подготвен да потпише нов договор за пониска плата, а за возврат по завршување на кариерата да добие место во раководните структури на Барселона.

Планот на Меси, според ТВ3 е да го носи дресот на Барселона уште две години, по што би направил трансфер во американската МЛС лига каде би ја завршил кариерата, а потоа би се вратил во Барселона на раководна функција.

Би можело да ве интересира

Лингард сака да игра во Барселона

Трансферите на Кутињо и Гризман во Барселона – најлоши зделки во историјата на фудбалот

Предраг Петровиќ

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда