Меси потврди дека сакал да ја напушти Барса

Од:

Суперeѕвездата на Барселона, Лионел Меси откри дека во 2017 година сакал да го напушти клубот. Пред три години, светскиот вицешампион имаше проблеми со шпанските даночни органи, што го натерало да размислува да ја напушти земјата.

„ Во тоа време, со целата оваа мешаница со даночните власти, сакав да заминам, не за да ја напуштам Барса, туку да излезам од Шпанија. Чувствував дека ме третираат неправедно. Сепак, никогаш не добив официјална понуда затоа што сите тие знаат дека сакам да играм за Барселона“, рече Ла Пулга во интервјуто за РАЦ1.

Денес тој веќе размислува да ја прекине кариерата на „Камп Ноу“.

„ Особено заради начинот на кој се чувствувам во овој клуб и како се чувствува семејството во овој град“, рече Меси.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот