Меси плати данок, но мора на суд

Од:

Најдобриот играч на Барселона Лионел Меси ги уплатил петте милиони евра кој ги должел на име неплатени даночни обврски кон државата Шпанија и со тоа ги покрил сите заостанати побарувања од претходните години.

И покрај раздолжувањето со државата, Аргентинецот кој ги брани боите на „каталонскиот клуб“ ќе мора да се појави на судењето закажано за 17 септември.

Поради обид за избегнување на овој данок кон Меси беше поведена судска постапка од страна на надлежните државни органи.

Шпанскиот државен обвинител против него и неговиот татко поднесе кривични пријави поради погрешно пополнување на даночната пријава за периодот 2006-2009 година со цел избегнување данок во вредност од преку четири милиони евра.

Според обвинението парите кои Лионел и Хорхе Меси ги добивале од спонзорските договори оделе преку приватните сметки регистрирани во Уругвај и на тој начин незаконски било избегнато плаќањето данок во Шпанија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска