Еден од најдобрите светски фудбалери Лионел Меси и официјално стана член на Интер Мајами, објави денеска американскиот клуб на својата официјална веб-страница.
Клубот во сопственост на Дејвид Бекам објави краток видео клип, како и фотографија од Аргентинецот во розев дрес на Мајами со натпис „Добредојдовте“ и го додаде бројот 10.
Аргентинецот последните две сезони ги играше во Пари Сен Жермен, каде како слободен играч се пресели од Барселона.