Меси негира негово заминување и наводна кавга со Енрике

Од:

Најдобриот фудбалер на Барселона Лионел Меси во изјава за клупската телевизија ги демантира пишувањата во медиумите кои се појавија последните денови за наводно негово заминување од „Камп Ноу“, како и за постоење нетрпеливост со тренерот Луис Енрике.

– Не е вистина дека сум поставувал барања за мое останување. Никогаш сум немал намера да си одам од Барселона. Лага се пишувањата за контакти со Челзи, Манчестер Сити… До сега не сум ги демантирал, но сега сакам да го сторам тоа и да им порачам на медиумите да проверат што пишуваат. Се зборуваше дека јас сум ги избркал Ето, Ибрахимовиќ, Кркиќ, Гвардиола. И тоа не е точно. Овој пат ме заболе затоа што шпекулациите доаѓаат од луѓе блиски до Барселона, а не од Мадрид, истакна Меси.

Аргентинецот изјавата ја даде по синоќешната победа на Каталонците над шампионот Атлетико Мадрид со 3:1. Меси постигна еден гол и имаше една асистенција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска