Меси не планира да се пензионира од фудбалот

Од:

Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, изјави денеска оти не размислува да се повлече од професионалниот фудбал по Светското првенство 2022 во Катар.

– Не. Искрено, не (размислувам за пензија). После тоа што ми се случи живеам од ден за ден, од година за година. Не знам што ќе биде на Светското првенство или по завршувањето на Светското првенство. Не размислувам за тоа. Ќе се случи тоа што треба да се случи во тоа време, изјави Меси во интервју за шпански „Спорт“

Меси призна дека трансферот од Барселона во ПСЖ во летниот преоден рок било голема промена во неговиот живот, но вети дека еден ден ќе се врати со семејството во каталонската престолнина.

– Ќе се вратиме да живееме во Барселона. Тоа го сака мојата сопруга, а тоа го сакам и јас. Не знам дали тоа ќе биде веднаш штом ми истече договорот со ПСЖ, но ќе се вратиме да живееме во Барселона, изјави аргентинскиот фудбалер.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот